Светски економски форум: Северна Македонија меѓу најдобрите во одржување стабилна инфлација
Foto

Светски економски форум: Северна Македонија меѓу најдобрите во одржување стабилна инфлација

Според успешноста во одржувањето стабилна инфлација, Северна Македонија е меѓу најдобрите во светски рамки.

Ова, како што наведуваат од Народната банка, меѓу другото го покажува Глобалниот извештај за конкурентноста за 2019 година, што Светскиот економски форум го објави неодамна.

Извештајот содржи оцени за голем број показатели што се важни за процена на конкурентноста, а инфлацијата е еден од нив. За секој од показателите е дадена оцена и на скала од 0 до 100. Притоа, за показателот „инфлација“, за нашата земја е дадена највисока оцена на скалата – 100 и е рангирана на прво место.

Ова, според Народната банка, е уште една потврда за успешноста со што оваа институција ја остварува својата основна, законски утврдена цел – одржувањето на ценовната стабилност.

Инаку, според последните објавени податоци, остварената годишна стапка на инфлација кај нас, во септември изнесува 0,3 отсто (наспроти 0,8 отсто во август) и е пониска од очекуваната.

 

Во првите девет месеци од оваа година, просечната годишна инфлација во нашата економија изнесува еден отсто.

0 Коментари

Остави коментари