Светски економски форум: Македонија меѓу најдобрите во одржување стабилна инфлација
Foto

Светски економски форум: Македонија меѓу најдобрите во одржување стабилна инфлација

Според успешноста во одржувањето стабилна инфлација, Македонија е меѓу најдобрите во светски рамки.

Ова, како што наведуваат од Народната банка, меѓу другото го покажува глобалниот извештај за конкурентноста за 2019 година, што светскиот економски форум го објави неодамна. Извештајот содржи оцени за голем број показатели што се важни за процена на конкурентноста, а инфлацијата е еден од нив.

За секој од показателите е дадена оцена и на скала од 0 до 100. Притоа, за показателот „инфлација“, за нашата земја е дадена највисока оцена на скалата – 100 и е рангирана на прво место. Во првите девет месеци од оваа година, просечната годишна инфлација во нашата економија изнесува еден отсто.

0 Коментари

Остави коментари