Светски ден на палијативната грижа, расте бројот на пациенти на кои им е потребна заштита
Foto

Светски ден на палијативната грижа, расте бројот на пациенти на кои им е потребна заштита

Светскиот ден на палијативната грижа – 12 Октомври годинава се одбележува со пораката „Моја грижа, мои права“,

Целите се зголемување на  достапноста на хоспис и палијативна грижа низ светот со креирање на можности за јавно говорење за предизвиците, подигнување на свеста и разбирањето на потребите – медицински, социјални, практични и духовни, на лицата кои живеат со лимитирачки болести и нивните семејства,  како и поттикнување фондови за поддршка и развивање на хосписите и палијативната грижа за лицата со лимитирачки болести и нивните семејства.

ЈЗУ специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје е единствена уставнова кај нас која обезбедува геријатриска и палијативна заштита.  Има капацитет од 75 кревети, а како што велат оттаму и во светот и кај нас расте бројот на пациенти на кои им е потребна палијативна заштита.

Наведуваат дека од минатата година функционира и палијативна амбулатна, а следна цел е да се прошират службите за палијативно згрижување во домашни услови.

Палијативната зашита има за цел да контролира болка, ублажување на страдањето, поддржување на достоинството и подобрување на квалитетот на живеење. Таа не е ограничена во однос на возраста, видот на заболување или патологијата.

0 Коментари

Остави коментари