Светската ѕвезда, Андре Риу повторно во Скопје!
Foto

Светската ѕвезда, Андре Риу повторно во Скопје!

Андре Риу, холандскиот „крал на валцерот" и човекот кој овозможи класичната музика да е достапна за сите, заедно со својот оркестар „Јохан Штраус",  во ноември повторно ќе настапи во Скопје како дел од својата светска турнеја.

Маестро Андре Риу во ноември повторно ќе се претстави пред македонската публика. Ќе имаме шанса да чуеме една сосема нова програма исполнета со фантастични филмски мелодии, мјузикли, опера и оперета како и традиционална музика. Подгответе се за незаборавна вечер исполнета со музика и валцер.

„Јас и мојот оркестар сме многу радосни за повторното гостување во Скопје во склоп на нашата светска турнеја. Концертот во 2019-та беше навистина емотивен и незаборавен, а прекрасната публика не’ пречека со огромен ентузијазам. Со нашето враќање во ноември ја прославуваме љубовта, животот и секако, музиката" - вели Андре Риу. 

Андре Риу верува дека класичната музика е создадена за сечие уживање, па преку својата умешност, на забавен начин, ја приближува до сите возрасти. Токму поради таа причина, Андре е еден од најдобрите изведувачи на нашето време. 

Настанот ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ на 27-ми ноември 2020 година.

0 Коментари

Остави коментари