Светска банка: Можно е училиштата во регионот да не се отворат до следната учебна година
Foto

Светска банка: Можно е училиштата во регионот да не се отворат до следната учебна година

Комбинираните ефекти на пониските приходи од работа и пониските дознаки како резултат на ковид-19 веројатно ќе ја зголемат сиромаштијата во Македонија на нивото од пред 2017 па дури и од пред 2015 година зависно од времетраењето на кризата, проценува Светска банка во дополнителните белешки на редовниот економски извештај за земјите од Западен Балкан... Во белешките се разгледува влијанието од ковид -19 врз здравствените системи, сиромаштијата и добросостојбата на домаќинствата..

„Пред пандемијата, сиромаштијата меѓу работниците во најпогодените сектори беше само 4 проценти, но оваа стапка се проценува да достигне околу 8 проценти во сценариото 1 и 15 проценти во сценариото 2.Симулациите предвидуваат стапката на сиромаштија да порасне од околу 17 проценти во 2019 до околу 20-23 проценти во 2020 година и од 55.000 до над 130.000 граѓани на северна македонија, во зависност од тоа дали кризата ќе трае еден или два квартали, би западнале во сиромаштија“. - се вели во делот на извештајот посветен на Македонија.

Притоа се додаава дека влијанието на епидемијата веројатно ќе се разликува низ дистрибуцијата на приходите;

Приходите ќе паднат за околу 5 до 8 проценти кај оние во најнискиот квинтил и од 7 до 13 проценти или повеќе кај остатокот од населението. Исто така, повеќе од 75 проценти од оние што веројатно ќе паднат во сиромаштија сега не се покриени со ниедна програма за социјална заштита.

Симулациите покажуваат дека освен здравствените влијанија, значително би можела да се зголеми сиромаштијата и да се намали средната класа во сите земји од регионот. Светска банка проценува дека во Западен балкан без да се земат предвид мерките на властите за одговор на кризата со ковид-19, таа би можела да однесе во сиромаштија најмалку 400.000 лица и дури 950.000 ако кризата се пролонгира. Многу од оние кои може да осиромашат, моментално не се приматели на социјална заштита, а неформалните работници без пристап до осигурување за невработени и останата заштита влегуваат во ризичните групи – споредено со просекот од еу, недоволната и неефикасна потрошувачка по лице за здравство пред кризата, го прави регионот особено ранлив на оваа и на идни здравствени епидемии.

0 Коментари

Остави коментари