Сведочење на Нинџа: Наредбите за Крвавиот четврток доаѓаа од парамилитарен штаб во Белата палата
Foto

Сведочење на Нинџа: Наредбите за Крвавиот четврток доаѓаа од парамилитарен штаб во Белата палата

Сите насоки за упадот во Собрание доаѓале од 8от кат на Белата палата-тврди Александар Василевски-Нинџа давајќи ја својата одбрана пред судот. Нинџа го нарече паравоен штаб и сведочеше дека наредбите како да се постапува на Крвавиот четврток стигнувале токму од него. Според Нинџа Биљана Бришкоска, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Митко Чавков кој тогаш беше директор на Бирото за јавна безбедност, преносот од Собрание го следеле во живо преку телевизија и давале насоки кој што да прави и кога да дејствува. Нинџа сведочење дека 27 април му се јавил Владимир Атанасоки, екс директрот на УБК кој што е притвор и му рекол дека СДСМ според нивните сознанија ќе бира претседател. Му се јавил и Сашо Мијалков кој го викнал во базата, а Спиро Ристовски го викнал во штабот. Базата била хпотелот Мериот, а штабот – белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Стасав на осми. Го забележав командно-оперативниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, односно Билјана Бришковска, Кирил Божиновски, Спиро Ристовски, Митко Чавков, Миле Јанакиески. Имаше пуштено ТВ-приемник и на ТВ Нова гледаа што се случува во Собрание. Седнав на една маса, а тие збореа на мобилните телефони. Бришковска комуницираше со Трајко Вељаноски и тој ѝ даваше насоки за состојбата внатре. Јанакиески и Ристовски комуницираа со Бетмен, а Кирил Божиновски ги викаше сите општински комитети да дојдат во Скопје по директива на ВМРО-ДПМНЕ. Чавков комуницираше со тогашниот началник на СВР, Ивица Вучевски и Митко Пешов. По некое време во штабот дојде и Владимир Атанасовски“.  -сведочеше Василевски.

Бришковска дала и наредба преку Трајко Вељаноски да се отворат вратите. 

„Бришкоска разговараше со Вељаноски и рече дека ,,пратениците не си ја завршиле работата и не предизвикале инцидент“. сведочеше Василевски.

Поранешниот шеф на тајната покиција пак Владимир Атанасовки, му дал наредба на тогашниот началник на петтата управа Никола Бошковски, да се уништат хард дисковите од безбедносните камери, за да нема докази за нивните дејствија во Собрание.

„Разбрав дека се одземени хард дисковите од безбедносните камери во Собранието. Имаше работилница која беше за потребите на службата. Бошкоски му се јави на Владимир Атанасовски, кој, пак, му даде наредба да се уништат хард дисковите. Беа црни, отприлика 20х20. Сашо Марковски ги стави на преса и почна да ги уништува. Иако веќе беа скршени тој со ножици за метал продолжи да ги сече“ - сведочеше Василевски. 

Нинџа рече дека УБК го следел и секој чекор на Зоран Заев, Зоран Верушевски и Оливер Спасовски, а на политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, пред домот му ставиле камери. Нинџа рече дека УБК го следел и секој чекор на Зоран Заев, Зоран Верушевски и Оливер Спасовски, а на политичкиот аналитичар Алберт Муслиу, пред домот му ставиле камери. Сведочењето на Нинџа кој во детали го откри сцанриото за Крвавиот четврток, прв пат директно ја поврзува ВМРО-ДПМНЕ со насилството на 27 апри. Пресврт во случајот се случи во понделникот кога браќата Младеновски и обвинетиот Симовски директно порача дека УБК стои зад 27 април, што зад решетки го однесе Владимир Атанасовски.

0 Коментари

Остави коментари