Свечено отворен ракометниот Мундијал во Египет
Foto

Свечено отворен ракометниот Мундијал во Египет

Без присуство на публика поради пандемијата на Ковид-19 вечерва во Каиро свечено е отворено 27-то Светското првенство во ракомет. 

На свечената инаугурација во спортскиот комплекс во непосредна близина на стадионот во Каиро, присуствуваше и египетскиот државен врв, предводен од претседателот Абдел Фатах ал-Сиси. 

Свечената химна на Мундијалот, што по вторпат во историјата се одржува во Египет, ја изведе големата египетска музичка ѕвезда, поп пејачот Тамер Хосни. 

Натпреварувачкиот дел на Светското првенство започнува вечерва со мечот меѓу домаќинот Египет и Чиле во рамки на Г-групата, во која македонската репрезентација утре игра против Шведска.

0 Коментари

Остави коментари