Свечен концерт - 70 години Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Foto

Свечен концерт - 70 години Универзитет „Св. Кирил и Методиј“

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ вечерва во Домот на АРМ ќе одржи целовечерен свечен концерт по повод одбележување 70 години постоење од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

На концертот ќе настапат фолклорниот и хорскиот ансамбл на друштвото како и неговиот народен оркестар. Солистка ќе биде пејачката Елена Петреска.

Оваа година АКУД „Мирче Ацев“ одбележува 70 години од своето постоење. Во текот на следниот период се предвидени голем број настапи и концерти, а во летниот период, пак, во план е и одржување на 40-то издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

Концертот на 20-ти мај, во Домот на АРМ е со почеток во 19:30 часот.

0 Коментари

Остави коментари