Сугарески и Бектеши на увид во изградбата на гасоводот Скопје - Тетово - Гостивар
Foto

Сугарески и Бектеши на увид во изградбата на гасоводот Скопје - Тетово - Гостивар

Министрите за транспорт и врски и за економија Горан Сугарески и Крешник Бектеши и директорот на национални енергетски ресурси Бајрам Реџепи денеска ќе извршат увид во изградбата на магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар.

Тие ќе ја посетат трасата на гасоводот во Тетово, во близина на село Фалише.

Гасоводот е проектиран со должина од 86 километри, како трет дел од проектот за изградба на националниот гасоводен систем. Проектот е проценет на околу 30 милиони евра, а финансиските средства се обезбедени преку кредит од германската Дојче банк и Ерсте група.



0 Коментари

Остави коментари