СУДСКИОТ СОВЕТ ГО РАЗРЕШИ ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ
Foto

СУДСКИОТ СОВЕТ ГО РАЗРЕШИ ЈОВО ВАНГЕЛОВСКИ

Јово Вангеловски веќе не е претседател на Врховен, ниту судија. Судскиот совет на денешната седница го разреши поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. Му „пресуди“ одлуката да го спаси од притвор бизнисменот Сеад Кочан во предметот „Труст“ на СЈО. Вангеловски е разрешен со 7 гласа „за“ од 10 членови на Советот. Врховен сега има нов В.Д претседател, врховниот судија Фаик Арслани.

- „Еден претседател е разрешен од функцијата претседател и двајца судии се разрешени од функцијата судии. Имаат право на жалба до врховниот суд. Значи во Врховниот суд се формира совет од 9 судии“- изјави Здравев.

Вангеловски беше избран за судија на Врховен во 2008 година без ден искуство во судница, а само некој месец потоа стана и претседател на највисокиот суд во земјава. Ја вршеше функцијата до 2012 година. Но во 2017-па на итна седница на Судскиот совет, пак беше избран за претседател.

Беше познат по неговата правна војна со тимот на СЈО, а одрекуваше дека кумството со поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски било пресудно за неговиот избор.

- „Дали на Вас ќе ви претставува пречка ако ви се понудам за кум ако ви треба. Излитена тема е“ - изјави Јово Вангеловски во интервју за тв 24 во 2017 година.

Го имаше и во бомбите, во разговор со Миле Јанакиески за случајот „Глобал“. Беше и на распит во обвинителството поради сомнеж за местење предмети и изигрување на АКМИСOT, но не беше осомничен.

За неговото непрофесионално и несовесно претседателствување СЈО објави посебен извештај во кој се вели дека Вангеловски „изнесувал информации од судски постапки, интервенирал кај судии за предмети и давал сугестии за постапување“.

Врховен под негова команда го пролонгираше одењето во затвор и на ексминистерската Гордана Јанкуловска. А сомислење на Врховниот пак поранешните функционери се спасија од нови обвиненија за истрагите почнати по рокот од 18 месеци од формирањето на СЈО или, после јуни 2017 -тата.

Вангеловски во анкетниот лист навел дека има четири стана во Скопје и богат возен парк. Покрај „мерцедес“ Е 300 хибрид, има и „лексус“, „тојота“ и „крајслер“. Поседува акции од кои зема дивиденда, љубител е и на уметнички слики, но и на златен и сребрен накит и часовници.

0 Коментари

Остави коментари