Судот го одобри обвинението за случајот „Рекет“, Јанева, Јовановски и Милевски одат на судење
Foto

Судот го одобри обвинението за случајот „Рекет“, Јанева, Јовановски и Милевски одат на судење

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје, ги одби приговорите на осомничените во случајот „Рекет“ во однос на обивнителниот акт на ОЈО. Од судот велат дека откако по одбрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет, истиот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а странките и јавноста ќе бидат известени за одржувањето на главната јавна расправа. Ова значи дека започнува судењето за осомничените во случајот „Рекет', Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

0 Коментари

Остави коментари