Судењето за „Шамарите во Центар“ почна од почеток
Foto

Судењето за „Шамарите во Центар“ почна од почеток

Судењето за насилствата пред општина Центар од јуни 2013 година почна одново поради истекот на 90 дена од одржување на последното рочиште. Бидејќи постапката трае повеќе од три години, обвинителката Фатиме Фетаи побара на обвинетиот никола груевски кој е во бегство во Унгарија да му се суди во отсуство.

Судот го прифати предлогот и ги одби предлозите на одбраната за одложување на расправата. Денеска во судница се читаа исказите на сослушаните сведоци. Судија Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на обвинетите. На прашање за личен документ обвинетиот Миле Јанакиески рече дека сите документи му се во судот.

„Не може да бидам вработен, една година сум во притвор, пасошот ми е во судот“ - рече Јанакиески пред судот.

Промена во податоците има и Александар Трајковски, кој беше вработен во царина, но зема боледување и отиде во Будимпешта да го посети Груевски набргу по неговото бегство. Трајковски рече дека за разлика од 2016 година кога било поднесено обвинението, сега е невработен.

Сите обвинети рекоа дека не се чувствуваат виновни. Покрај Груевски и Јанакиески во овој случај обвинети се и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и уште осум лица. Тие се товарат за дека го поттикнале насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

0 Коментари

Остави коментари