Стружанецот Арменд Арслани предлог за заменик-министер за здравство
Foto

Стружанецот Арменд Арслани предлог за заменик-министер за здравство

Премиерот Зоран Заев до собранието доставил предлог за нов заменик-министер за здравство да биде стружанецот Арменд Арслани.

Тој треба да дојде на местото на Асим Муса кој си даде оставка откако медиумите во Албанија објавија видео дека зема мито.

Во неговата биографија стои дека од 2013 до 2014 година работел како доктор по општа медицина во специјализираната болница за нефрологија во Струга, а од 2014 е специјализант по урологија на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Арслани е роден 1985 година.



0 Коментари

Остави коментари