Струшка фабрика за месо – најголем проект реализиран со европски пари од претпристапните фондови на ЕУ
Foto

Струшка фабрика за месо – најголем проект реализиран со европски пари од претпристапните фондови на ЕУ

Започнал со двајца вработени, а денес држи 55 работни места и еден куп можности за уште поголем број врабтоувања во Охридско-струшкиот регион. Ова е приказната за успехот на фабриката за преработка на месо „Подгоркакоја е во сопственост на стружанецот Мевмет Џемаилоски кој стартувал со работа уште во 90 та година, во 98 та купил објект за работа во Струга, а 2019 та  ја заокружува со втор објект целосно изграден со финансиска поддршка од 2,2 милиони евра од ИПАРД 2 програмата.

Идејата за новиот објект ја добил во 2017 та година а ја реализирал откако му била прифатена иницијативата од струшкиот совет  кој дал зелено светло за трансформација на земјиштето каде денес се наоѓа објектот но и кога истата иницијатива стигнала и до сите надлежни инстанци за одобрување на европските пари за финансирање.За неполни две години оттогаш објектот е ставен во функција. а Џемаилоски мотивиран од помошта за во иднина најавува уште поголеми проширувања.

Новиот објект на Подгорка е доказ дека инвестициите кои што имаат капацитет да растат треба да се подржат велат од платежната агенција. 

Фабриката Подгорка се наоѓа на самиот пат Охрид -Струга.Расплолага со неколку погони изградени според високи стандарди кои нудат современи услови за работа „Подгорка“максимално ќе ги користи локалните ресурси и обновливите извори на енергија, со вклучување на модерните трендови за енергетска ефикасност и независност со инвестиција во фотоволтаична опрема за енергија и сопствени бунари за снабдување со вода.

0 Коментари

Остави коментари