СТРУМИЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ СТРАВУВААТ ОД МОЖЕН ПАД НА ОТКУПНИТЕ ЦЕНИ НА ЗЕЛЕНЧУКОТ
Foto

СТРУМИЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ СТРАВУВААТ ОД МОЖЕН ПАД НА ОТКУПНИТЕ ЦЕНИ НА ЗЕЛЕНЧУКОТ

Дворот на Коцеви од струмичко Моноспитово полн со пиперки кои ги има засадено на околу 8 декари. Ангажирал работници да ги амбалажира за да ги носи на откуп. Тврди дека последниве денови значително опаднал интерес за струмичкиот зеленчук заради што паднале и откупните цени.

Не е поразлична состојбата ниту во Банско. И таму земјоделците реагираа шо нема кој да ги праша за нивното производство.

Коцев смета дека проблем се трговците кои сами ги диктираат откупните цени без контрола од државни институции бидејки не почуствувале од ветувањата за нови пазари.

Трговците што ги контактиравме тврдат дека откупните цени се резултат на понудата и побарувачката како на домашниот така и на странстките пазари. Убедуваат дека деновиве ќе нема значителни осцилации на откупните цени.

0 Коментари

Остави коментари