Струмичкиот свештеник кој доби забрана е разрешен поради неканонско однесување а во црквата држел и пиштол , кажа епископот Јаков
Foto

Струмичкиот свештеник кој доби забрана е разрешен поради неканонско однесување а во црквата држел и пиштол , кажа епископот Јаков

Струмичката епархија при МПЦ ги отфрли обвинувањата од свештеникот Боро Милчев дека забраната за вршење свештенство е резултат на заканите за книгите што ги работи за македонските светители.

За едицијата благослов има дадено митрополитот струмички Г. Наум а последните две книги ги напишал сам и без благослов. Епископот стобиски Јаков денеска откри дека разрешувањето е резултат на неговото неканонско однесување како свештено лице, не само за градењето црква на диво кај Смоларе, туку и заради лошото раководење со црквата каде по 2 децении работа и во касата оставил само 106 денари и пиштол за кој имал дозвола.

0 Коментари

Остави коментари