Струмички Комуналец го раскина договорот од еден милион и 200 илјади евра
Foto

Струмички Комуналец го раскина договорот од еден милион и 200 илјади евра

Договорот што струмички Комуналец го склучи пред десетина дена со приватната фирма ,,Дасмак’’ за собирање смет во вредност од милиони 200 илјади евра за период од 12 месеци е спогодбено раскинат.

Вака денеска информираше градоначалникот на Струмица Коста Јаневски откако завќера  лично тој побара договорот да се повлече а за истиот имаше остри реакции и критики од јавноста. Раскинувањето на договорот како што истакна Јаневски нема да има правни последици за двете страни и ќе се бара друго решение за надминување на проблемот со недостаток на возила за собирање смет од општина Струмица

При крајот на изминатиот месец по распишаниот јавен тендер преку Бирото за јавни набавки, струмички Комуналец потпиша договор за ангажирање фирма по потреба за собирање  смет од општината.

Првиот човек на ова јавно претпријатие Зоран Георгиев тогаш информираше дека договорот се склучува бидејки возниот парк на Комуналец е истрошен а е зголемен обемот на работа со оглед дека Комуналец ова година почна да го собира сметот од сите населени места.

Според Георгиев економскиот оператор ќе се ангажирал по потреба што не мора да значи дека ќе му бидат исплатени сите пари, туку според учинокот.

0 Коментари

Остави коментари