Струмица со месеци мака мачи со диви депонии
Foto

Струмица со месеци мака мачи со диви депонии

Изминатава недела седум физички и правни лица се фотографирани како фрлаат отпад на забранети локации по ридовите над Струмица од страна на граѓани и еко активисти.  

Фотографиите се доставени до „Комуналец“ кој ги лоцираше загадувачите и во соработка со комуналната инспекција покрена постапка. Паралелно сите тие се натерани сами да го соберат отпадот. 

Бранко Ѓеоргиев од „Комуналец“ вели дека тоа е резултат на соработката на граѓанскиот сектор.

Од февруари досега струмички „Комуналец“ има исчистено 30-тина диви депонии во општината. Но на дел од локациите повторно се натрупани со отпад. Освен по околните ридови отпад се фрла и во периферијата на Струмица. Најизразено е на локациите каде што се гради.

Од струмички „Комуналец“ велат дека со пролетната акција ќе бидат опфатени и депониите со градежен шут и во периферните делови при што очекуваат да се вклучи и механизација на градежни фирми.

Струмица секоја година се соочува со диви депонии иако во сите населени места има воведено систем на организирано собирање на отпадот. Паралелно воведе и бесплатно подигање до два кубни метри градежен шут од домовите на струмичани.

0 Коментари

Остави коментари