Странските инвеститори во Македонија бараат политичка стабилност и предвидлива деловна клима
Foto

Странските инвеститори во Македонија бараат политичка стабилност и предвидлива деловна клима

Странските инвеститори во Македонија и од оваа Влада бараат политичка стабилност и предвидлива деловна клима. Во т.н. Бела книга за 2018 година што беше објавена денеска тие запишаа дека во Македонија им недостасува квалификуван кадар, имаат проблеми со честото менување на законите и слабите инвестиции во инфраструктурата. Неопходна е и реформа на администрацијата и отворена борба со сивата економија.

„Реформата на јавната администрација е голем проект кој допрва треба да се спроведува. Ова не треба да значи намалување на бројот на државните службеници, туку треба да вклучува зголемување на квалитетот на услугите што државата ги дава на граѓаните на деловниот сектор.“ - изјави Петар Штефан, Совет на странски инвеститори.

За премиерот Заев пак, подобрувањето на бизнис климата е врзано со членството на земјата во Европската унија и НАТО, а бизнисот треба да биде подготвен следната година да носи храбри одлуки, зашто Македонија ќе нема повеќе политички непријатели.

„Од почетокот на јуни 2019 го наликувам меден месец за Македонија каде деловниот сектор треба да се подготви да ги искористи бенефитити, влегуваме во фаза каде Македонија ќе има придобивки, а ќе нема обвврски кон ЕУ.“ - изјави Зоран Заев, премиер на РМ.

Домашните стопанственици имаа јасни барања. Македонија како мала држава мора да е извозно ориентирана и да го зголеми индустриските капацитети, зашто само така може да ја придвижат економијата напред.„Треба да се инвестира и државата да помогне на тие вшто се способни набрзо да испорачаат тработни места и иневстициона активност. Ако сакаме да добиваме сите, за да создадат за да се даде за социјалните дејности, образованието и здравството.“ - изјави Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на РМ.

Белата книга со препораките и забелешките на странските инвеститори се издава од 2015 година.

0 Коментари

Остави коментари