Стопанските комори бараат одлагање на прогресивното оданочување
Foto

Стопанските комори бараат одлагање на прогресивното оданочување

Стопанската комора на севереозападна Македoнија бара одложување на прогресивното оданочување. Од оваа бизнис заендица велат дека одлуката за даночна реформа е донесена без дебата и се сомневаат во ефектите.

„Ние како комора имаме анкетирани повеќе од  бизниси и кажаа дека се против ова оданочување.“ - изјави Дрилон Исени – извршен директор на Комората на северозападна Македонија.

„Не значи консултација  само затоа што ссте прашани дали сте за, бизис заедницата бара каде ќе завршуваат овие сретства.“ - изјави Менедерс Кучи – Комора на северозападна  Македонија.

Конечнен став за одложување на прогресивните стапки донесе и Стопанската комора на Македонија во државниот Буџет да се обезбедат дополнителни средства првенствено со рационализација на расходите.

„Системски промени од ваков вид треба да бидат најавени и усвоени многу претходно во текот на календарската година, во партнерски однос, преку усогласување со најзначајниот партнер од деловниот сектор, за да можат субјектите навреме да го усогласат своето работење.“ - велат од Стопанска комора на Македонија.

Повторно се огласија од МАСИТ , предупредуваат дека прогресивниот данок ќе  го зголеми одливот на стручен и образовен кадар, сосбено во ИТ секторот.

„Со предложените мерки се врши дестимулирање на развојот на висококвалификуваните кадри – зголемувањето на данокот на личен доход најмногу ќе ги погоди оние кои вложувале во сопствениот професионален развој и ќе испрати порака дека квалификуваноста е неисплатлива, со што ќе се отстрани стимулот за развој на способности и квалификации.“ - велат од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ.

Академик Абдулменаф, кој е и еден од поранешните министри за финасии вели дека на амкеоднија и се потребни даночни раформи за пораведно општество.

„Ако дополнителните маргинални приоди ќе бидат наменети за продуктивни капитални инвестиции, за продуктивни потреби од типот на образование, здравство и животен стандард, ќе биде ефективно инаку ќе биде промашено.“ - вели Абдулменаф Беџети  - ректор на УЈИЕ во Тетово.

Еден од порашените министри за финансии, рпфесорот Трјако Славески, кој е и челн на извршниот комитет на вмро дпмен ги критикува најавените реформи. Како министер јој го воведе рамниот данок,  во емисијата отворено на тв 24 , вели дека со новите стапки ќе се стумулира даночната евазија и  буџетските ефекти ќе бидат незначајни.

„Моите студенти се чудат на вакви плитки тези.“ - вели Трајко Славески – поранешен министер за финансии.

Прогресивното доаночување е само еден од чекорите кои ќе бодата кон праведно општество , вели министерот за финасии драган тевдовски . Сметак дека прогресивните стапки веќе се премиенуваат во мнгу европски и регионални економии, заманувајќи го рамното одаочување.

„Од сите агли ова е фер за оние кои имаат висок доход, но е почеток на поставување на праведен даночен систем.“ - изјави Драган Тевдоски – министер за финансии на Македонија.

Владата одлучи да спроевде даночна реформа по бројните крити и анализи дека македонија е општество во кое има голем јаз меѓу богатите и сиромашните , а целата на прогресивното однаочување е токму намалување на социјално – економските разлики.

0 Коментари

Остави коментари