Стопанска банка станува најголема продажна мрежа за осигурување
Foto

Стопанска банка станува најголема продажна мрежа за осигурување

Во годината која Стопанска банка АД – Скопје го одбележува својот 75 годишен јубилеј започна банкоосигурување во соработка со Кроација Осигурување/Неживот и УНИКА Лајф.
Преку своите 65 филијали, 24/7 контакт центарот и со повеќе од 120 лиценцирани застапници во осигурувањето Банката на пазарот понуди најголема продажна мрежа на осигурителни производи, со што осигурувањето станува подостапно за секого.

Осигурувањето е дел од финансискиот систем на државата и претставува комплементарна дејност на банкарското работење, насекаде во светот. Улогата на Стопанска банка примарно е да обезбеди едукација на клиентите за предностите на осигурувањето и за додадената вредност што ја добиваат преку користењето на банкарски производи со вклучено осигурување.

Со реализација на повеќе од 5.000 полиси преку Банката во делот на животното и неживотното осигурување и позитивни реакции од клиентите, посебна популарност добиваат следните производи:
•    Бесплатното годишно патничко осигурување кое го добиваат сите нови и постојни корисници на Visa/MasterCard кредитните картичките на Стопанска банка кое се активира преку филијала или Контакт центар
•    Кредитите со вклучено животно осигурување (потрошувачки, станбени, хипотекарни) со преференцијални услови и
•    Кредитите со вклучено осигурување од незгода и годишен ваучер од 400/600 денари кој клиентите ќе го користат за друга осигурителна полиса набавена од Банката

Покрај понудата на банкарски производи со вклучено осигурување, клиентите ќе можат да ги добијат и сите други видови на осигурување како: имотно/домаќинско и патничко осигурување со повластени цени, автоодговорност, зелен картон, КАСКО, осигурување од незгода и слично.

По повод средбата со медиумите г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален и извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје ијзави „ Осигурувањето во глобални рамки е веќе нераздвојно од класичните банкарски производи а во Стопанска банка на клиентите им овозможува синергија, односно додадена вредност при користење на кредитните производи. Имено, сигурноста која клиентите ја добиваат со животното или осигурувањето од незгода е во поддршка на реализација на нивните планови а Банката го поддржува направениот избор со дополнителни поволности. Ни претставува задоволство што клиентите веќе ја препознаваат новата понуда на производите со вклучено осигурување, што е мотив повеќе за нас да продолжиме со понатамошен развој.“

0 Коментари

Остави коментари