„Стопанска банка“ донираше медицинска опрема за Клиниката „Св. Наум Охридски“ во Скопје
Foto

„Стопанска банка“ донираше медицинска опрема за Клиниката „Св. Наум Охридски“ во Скопје

Надоврзувајќи се на донацијата на ултразвучниот апарат за Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје од 2019 година, „Стопанска банка“ АД – Скопје денеска иницираше постапка за донација на дополнителна хируршка и лапароскопска опрема за Клиниката, со што се подобруваат капацитетите и се овозможува долгорочна поддршка за се поголемиот број пациенти кои секоја година ги користат услугите на Клиниката.

– Банката ја поврзува актуелната наградна игра со платежните картички со оваа донација, сакајќи притоа преку зголемување на безбедните безготовински плаќања да ја подигне свеста за здравствените предности од користење на платежни картички наместо готовина, а како благодарност за масовното учество на клиентите во наградната игра дополнително и да донира во поддршка на здравството. Со тоа, заедницата добива повеќекратна предност, особено во услови на пандемија, преку индивидуалната и колективната грижа која Банката редовно ја поттикнува, информираат од „Стопанска банка“.

На настанот присуствуваа генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на „Стопанска Банка“, Диомидис Николетопулос и медицинскиот директор на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охриски“, д-р Љубен Арсенков.

– Клиниката „Св. Наум Охридски“ има посебно место во заедницата и е од големо значење за јавното здравство. Во „Стопанска банка“ поттикнати од залжожбите и вложениот труд, но и од високата професионалност на здравствените работници од Клиниката, во континуитет обезбедуваме помош преку разновидни донации со што ја оправдуваме смислата на нашиот слоган На ваша страна. „Стопанска банка“ АД – Скопје, како една од најсилните банки во земјата и една од регионалните банки со најдобри перформанси секогаш ќе биде на страната на граѓаните, не само со понудата на врвни финансиски услуги туку и со поддршката за целата заедница преку општествено одговорни практики со широк дијапазон и секако со значаен буџет, истакна Николетопулос.

Арсенков посочи дека од вкупно извршени 2.500 операции во текот на минатата година, околу 600 се токму изведени лапараскопски каде се употребуваат овој тип на инструменти. Директорот се заблагодари за донацијата што е во процес на реализација и потенцираше дека со оваа донација продолжува соработката со „Стопанска банка“.

– Во време на пандемија, кога сите ресурси се насочени кон третман на ковид пациенти, општествено одговорните компаниите како што е Стопанска банка покрај што го поддржуваат системот во борба со пандемијата имаат и висок развиен сенс дека секоја сегмент од медицинскиот систем е важен. Па преку реализација на денешната донација всушност се испраќа порака за општествена одговорност во реално време, во време на пандемија затоа што се олеснува третирањето на пациентите со хируршки заболувања кои имаат потреба од навремен и адекватен третман, додаде Арсенков.

0 Коментари

Остави коментари