Стоилковски: ЈО молчи за аферата „Фабрика за криминални легализации"
Foto

Стоилковски: ЈО молчи за аферата „Фабрика за криминални легализации"

„Дали Драган Ѓоргиев, сопартиец и колега на Зоран Заев од пратеничкиот состав 2002-2006 знаел или му било ветено дека ќе добие лиценца за работа и брзал да изгради фабрика?

Дали Ѓоргиев имал претходен договор или пак уживал заштита од градоначалникот- сопартиец, Зоран Зимбаков од општина Босилово? Дали таква заштита имал и од претседателот на Советот, сопартиецот Аризанов? Внимавајте, се гради објект- фабрика среде земјоделско земјиште“ рече меѓудругото на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски рече дека „ЈО за организиран криминал мора да најде одговор зошто екс-пратеникот Ѓоргиев за изработка на елаборат избрал геодетска фирма од Битола, оддалечена речиси 300 километри од местото каде е наводната фабрика при толку геодетски фирми во Струмица каде што живее екс-пратеникот Ѓорѓиев? Дали врската на Ѓоргиев и геодетот Нечевски била само политичка, или постојат и други вакви изработени елаборати од него, односно дали постои историја на криминални дела и изработени елаборати?“.

0 Коментари

Остави коментари