Сточарите револтирани, бидејќи не се опфатени со мерката зелена нафта
Foto

Сточарите револтирани, бидејќи не се опфатени со мерката зелена нафта

Нема зелена нафта за сточарите, се пожали здружението на земјоделци агро центар од Велес. На својот фејбук профил тие го прашуваат министерството за земјоделие зошто оваа мерка за субенционирање не ги опфаќа и нив.

„Подрачната единица на министерството за земјоделство - велес го започнува делењето на картичките за зелена нафта на земјоделците врз основа на пријавени земјоделски површини за субвенции во 2018 г. За сточарите оваа година ќе нема.“

Дел од сточарите со кои контактиравме, не сакаа да зборуваат пред камерите. Велат дека се чувствуваат обесправени, оти оваа мерка ќе им биде од огромна корист. Дали министерството за земјоделство е надлежно за нас или помош да бараме во некое друго минстерство, прашуваат револтирано.

Од друга страна, министерот за земјоделие трајан димковски тврди дека нема обесправени земјоделци. Оние сточари кои произведуваат фуражни култури како јачмен или пченица и обработуваат земја се вклучени во оваа програма и ќе добијат картички за зелена нафта.. Околу 15 илјади земјоделци ќе бидат иземени од мерката, оти не обработувале земја и не ги исполнуваат условите од оваа програма, објаснува тој.

Министерот Димковски и првиот човек на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството Николче Бабовски денеска во Велес ги доделија првите две од вкупно 1672 картички за зелена нафта за земјоделците од Велес, Чашка и Градско, во вредност од близу 110 илјади евра.

0 Коментари

Остави коментари