Стевчо Јакимовски е ослободен од куќен притвор
Foto

Стевчо Јакимовски е ослободен од куќен притвор

Екс-градоначалникот на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски е ослободен од куќен притвор. 

Минатата недела судија на претходна постапка му ја укинал мерката куќен притвор на Јакимовски и му одредил мерки на претпазливост, откако тоа го предложил јавен обвинител.

Јакимовски од март оваа година е во куќен притвор откако беше осомничен дека заедно со уште четири лица сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од 2011 до 2017 година.

0 Коментари

Остави коментари