Стефановски остана без пласман на денешната трка во Имола
Foto

Стефановски остана без пласман на денешната трка во Имола

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски не ја заврши денешната трка во Имола на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во рамки на ТЦР шампионатот на Италија.

- Скината гума причина за предвремено завршување на трката, но нема откажување ја очекуваме следната трка, напиша Стефановски на социјалните мрежи.

Македонецот вчера на истата патека го освои второто место и се искачи на победничкиот подиум.

0 Коментари

Остави коментари