Стефанова не дозволила да им се дадат времени исправи на Камчев и Панделески
Foto

Стефанова не дозволила да им се дадат времени исправи на Камчев и Панделески

Обвинителството за гонење на организирање на криминал и корупција даде негативно мислење до Кривичниот суд за барањата на осомничените бизнисмени Орце Камчев и Цветан Панделески да им се дадат времени патни исправи.

Од обвинителството за тв 24 велат дека е дадено негативно мислење за Камчев затоа што ја злоупотребил претходно издадената мерка. Претходно мила издадена за конкретни патувања на конкретни датуми, а се прошетал и патувал многу почесто од она за што барал да излегува од земјава.

Исто важи и за Панделевски. Двајцата бизнисмени до неодамна имаа времени патни исправи кои им беа дадени по позитивно мислење на екс шефицата на СЈО, Катица Јанева.

0 Коментари

Остави коментари