Стечајците на протест: Заостанатите плати од ОХИС завршиле на сметката на Екоцентар 97
Foto

Стечајците на протест: Заостанатите плати од ОХИС завршиле на сметката на Екоцентар 97

Парите за заостанати плати кои ги чекаат Охисовци завршиле кај ЕКОЦЕНТАР 97. Речиси 2 милиони евра за фирмата која треба да го изнесе опасниот хемиски отпад. Со оваа сума ќе ги покрие платите од само една година работа во исклучително опасна средина. Редовно повеќе од една година ги бараат гласно на Илинденска бр.2

„Има еден човек што купил долг од Комерцијална банка отуи не знаеме што земала банката . Сегде го однесовме тој документ , ние за 5000евра правиме солемнизација кај нотар, а неговите се обични листови незаверени.“ - вели Здравко Боневски – стечаец.

Сега остатоците од ОХИС се третираат како темпирана бомба во чиј круг има долг список на опасни материи. Но, дали некој го мерка некогашниот хемиски гигант како атрактивна парцела од милион и триста илјади метри квадратни? Најголем дел од објектите се распродадени, земјиштето е на државата и во тек е ослободување од хемикалиите преку тендери и меѓународна помош за спас од канцерогениот линдан. Планира ли некој набрзина да се ослободи од токсините и за две години да го фати последниот воз до декември 2021-ва за да приватизира државно градежно земјиште по цена од едно евро по метар квадратен.

„Па да се купи имотот- тој голем милион и 350 илјади метри квадратни има патишта топлана, водовод канализација се има... ако се купи како место може да биде најмалку сто евра по квадрат, а по законот кој се уште важи до крај на годината по зграда по 1 евро, и околината од 300-500 евра квадрат. Тоа значи дека ќе се купи тоа земјиште за малку пари. Некој за милион и триста илјади евра, а ако го продаде по сто евра ќе биде 135 милиони евра. Па еве зашо се праат сопки.“ - вели Боневски.

Во кругот на пропаднатиот ОХИС работат фирми од различни дејности, па дури и од прехранбената индустрија. Иако и минатата и сегашната власт велат дека немаат конкретен список со останати опасни хмикалии, стечајците тврдат дека секоја година правеле попис. До последно штрафче и корпа во кругот на запуштената фабрика запишале и предале на управникот во 2013-та година.

Сите информации ги поседува и стечајниот управник Маринко Стевковски, кој од инцидентот со протекувањето на разреден метил акрилат мономер не одговара на нашите повици. Додека стечајците чекаат абер од Владата , Екоцентар ја чека последната транзитна дозвола од Словенија за да однесе на уништување во Швајцарија 400 буриња хемиски отпад. За опасниот винил хлорид кој може да предизвика хаварија, се бара решение.

0 Коментари

Остави коментари