Статистика: Се подготвуваат отпуштања на работници во преработувачката индустрија
Foto

Статистика: Се подготвуваат отпуштања на работници во преработувачката индустрија

Се подготвуваат отпуштања на работници во преработувачката индустрија поради намален обем на работа. Економската состојба на компаниите е неповолна, соопшти Државниот завод за статистика.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка, недостигот на квалификувана работна сила, неизвесното економско опкружување и недоволната домашна побарувачка.

Просечното искористување на капацитетите во мај годинава изнесува 65,4 отсто од нормалното искористување, наведува статистика.

0 Коментари

Остави коментари