ССМ на први мај ќе организира синдикален марш, КСС се заканува со генерален штрајк на јавниот сектор
Foto

ССМ на први мај ќе организира синдикален марш, КСС се заканува со генерален штрајк на јавниот сектор

Платите во јавниот сектор се на ниво на социјална помош, се жали Конфедерацијата на слободни синдикати и се заканува со генерален штрајк, доколку владата не одговори на нивните барања. Најавија дека утре ќе излезат на предупредувачки протест на кој ќе побараат зголемување на платите и исплата на К-15. Дополнително на власта и порачаа да се откаже од идејата дел од административците да ги префрли во приватниот сектор, бидејќи и во тоа гледаат обид за вработување на партиски кадри.  

Утре во 12 и 10 часот во Куманово иако е претседателска кампања ќе излеземе да кажеме дека нас не не интересираат избори и претседателски кампањи и референдуми и дека ние продолжуваме жестоко да се бориме за она што ни следува согласно законите “ - вели Благоја Ралповски – Претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати.

Сојузот на синдикатите пак, побара законски измени за поголеми работнички права и во приватниот сектор. Најавија дека за 1ви мај, во знак на протест ќе маршираат од Собранието до Владата, каде ќе прочитаат и првомајски манифест, за да ги потсетат надлежните на нивните барања.  

„Сите овие нерешени работи во законот за работни односи кои се неопходни за нас работниците, како и во општиот колективен договор, писмено ќе го доставиме во владата и ќе бараме најскоро решавање на тие проблематични членови во законот за работни односи и општиот колективен договор“ - вели Дарко Димовски – претседател на ССМ.

Од министерството за труд и социјална политика велат платите во јавниот сектор ќе ги решавале системски, според Акцискиот план за реформи во администрацијата, а новиот закон за работни односи уверуваат дека ќе го носат со консултација со сите засегнати страни. За колективните договори во приватниот сектор пак, велат не се надлежни, заеднички јазик треба да најдат самите синдикати со работодавачите.

0 Коментари

Остави коментари