Српски министер за здравство: Лекарите од ВМА го спасија животот на Вучиќ
Foto

Српски министер за здравство: Лекарите од ВМА го спасија животот на Вучиќ

Српскиот министер за здравство  вели дека претседателот на државата Александар Вучиќ имал хронични, помали проблеми со срцето, но дека неговата здравствена состојба се влошила во петокот, кога решил да се обрати на лекари од воено медицинската академија.

„Веднаш по приемот, беше проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен“, изјави Лончар.

Според министерот, претседателот Вучиќ добро реагирал на терапијата што му била пропишана и му било препорачано да ги намали своите редовни активности во наредниот период со цел целосно да се заздрави од влошената здравствена состојба.

0 Коментари

Остави коментари