СРЕДБА ЗАЕВ – БАЗДНИКИН: РАЗГОВОРОТ СО ПРАНКЕРИТЕ Е ПРИВАТНА РАБОТА, А НЕ АКТ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА
Foto

СРЕДБА ЗАЕВ – БАЗДНИКИН: РАЗГОВОРОТ СО ПРАНКЕРИТЕ Е ПРИВАТНА РАБОТА, А НЕ АКТ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

Снимките од разговорите кои излегоа со руските комичари и премиерот Заев нема да влијаат на односите помеѓу Македонија и Русија, токму ова била темата но и заклучокот кој произлегол од средбата на премиерот Зоран Заев и рускиот амбасадор во земјата Сергеј Баздникин. Заев и денеска по средбата која ја имаше со Баздникин но и по настанот на кој заеднички присуствуваа рече дека не смета дека зад ова непријатно искуство стои Русија иако е свесен дека Руската федерација е против влезот на земјава во НАТО. Сепак вели на средбата со Баздникин разговарале и за зајакнување на односите и безбедносните протоколи во двете земји.

Заев исто така во контекст на разговорите посочи и дека веднаш по нивното излегување во јавноста му се извинил на косовскиот претседател Хашим Тачи и дека констатирале дека односите меѓу двете земји ќе продолжат како и до сега .

За овој телефонски разговор за косовските медиуми потврди и Претседателот на Косово Хашим Тачи кој додаде дека пред извесно време и тој бил мета на руските комичари но не успеале во нивната намера со него.

Заев ми рече оти бил жртва на измама, а изјавата што ја дал во врска со наводниот договор меѓу косовскиот и српскиот претседател за доделување на Србија на 10 косовски општини, била „заснована на гласини, дезинформации и податоци лансирани од Спутњик и други руски гласини. Тоа се зборовите кои ми ги рече, истовремено нагласувајќи дека тоа што го зборувал со измамниците кои му се јавиле по телефон се работи кои немаат врска со односите со Косово.

По скандалозната комична снимка на руските прангери и Заев од македонското МВР пак велат дека протоколите не се под нивна директна контрола но и дека е потребна поголема будност во следењето на истите тема која се дискутирала и на владина седница.

0 Коментари

Остави коментари