Средба Заев - Ахмети во четири очи, тврдат не разговарале за конкретни имиња кои ќе бидат „сметени“
Foto

Средба Заев - Ахмети во четири очи, тврдат не разговарале за конкретни имиња кои ќе бидат „сметени“

Еден час зад затворени врати во четири очи траеше средбата на премиерот Зоран Заев и неговиот коалициски партнер Али Ахмети. По неа, лидерот на ДУИ си замина директно преку гаражата како што и влезе во владата. Едночасовниот состанок заврши и без инсерти и без изјави.

Реконструкција на владата која што ја заговара заев од пред вториот круг на претседателски избори била клучната тема, но од двете партии велат дека не станало збор за конкретни имиња, туку само за концепти. Официјално, во соопштението од владата се вели дека процесот на евентуални кадровски промени е отворен. На средбата е договорено дека ќе следуваат консултации во двете политички партии на чие чело се двајцата лидери, по што разговорите ќе продолжат.

Целта на овие иницијативи е обезбедување кадровски решенија за зајакнување на капацитетите на институциите, во насока на исполнување на подобри резултати на економски план и исполнување на очекувањата на граѓаните. Заев веќе најави дека на удар ќе бидат функционерите кои не покажале резултати, но и кои биле кои не ги исполниле очекувањата, покажале слабост, а се арогантни.

Од ДУИ само кусо велат дека ветингот за функционери и реконструкцијата се два одвоени процеси. Освен нов министер за политички систем, се најавива чистка во економскиот владин тим, а не се исклучува ниту ротација на ресори. Симболично денеска пред владат и пред министерството за правда, група активисти оставиле метла.

Од валдата велат го поддржуваат граѓанскиот активизам а министерката за првада одговори дека со метлата ќе се мете криминалот и корупцијата. Освен во ешалоните на власта, заев најави метла и во неговата партија.

0 Коментари

Остави коментари