Средба Пендаровски-Макрон: Одлука во Загреб ќе има, каква неизвесно
Foto

Средба Пендаровски-Макрон: Одлука во Загреб ќе има, каква неизвесно

Франција веќе работи на новата методологија за проширување на унијата, и првичната верзија веќе се дели на државите членки, вели претседателот Стево Пендаровски, после како што вели отворената и динамична средба со францускиот претседател Емануел Макрон во рамки на самитот за мир во Париз. Макрон му кажал на Пендаровски дека методологијата треба да биде усвоена до Март, по што на самитот на унијата во Мај во Загреб ќе има одлука за проширување за земјите што чекаат, Северна Македонија и Албанија. Одлуката според Пендаровски останува неизвесна.

„Сите опции се отворени, јас инсистирав да се каже зошто е одложувањето, дали е од политички причини, тој рече не поради нас е, Макрон рече дека е за продлабочување на унијата.“ - изјави Пендаровски.

Пендаровски додава дека му пренел на Макрон дека земјава не прифаќа алтернатива за членството во ЕУ, не за европска економска заедница, соседи на унијата, по што од Макрон добил уверување дека Франција во ниту еден момент не сакала земјава да ја остави вон унијата. Македонија од друга страна го прифаќа принципот на назудвање во преговорите кој сега не постои, па и повеќе од тоа.

„Дури му кажав и ако полноправна членка кога би биле да не исклучите од членство, слободно направете го тоа, не ни е да бидеме членка да не сме демократија, половина од животот го поминав во автократија.“ - изјави Пендаровски.

Макрон го уверил Пендаровски дека Франција нема никакви нови услови за земјава за добивање на датум, а францускиот претседател не го ни спомнал законот за јавно обвинителство. Затоа Макрон ќе дојде во Македонија во првата половина во 2020 година да им ги објасни француските ставови на граѓаните директно. Српскиот претседател Александар Вучиќ пак после средбата со Макрон вели дека Македонија и Албанија ќе добијат датум за преговори и пред Мај.

„Они ќе им го отворат тоа, но се поставува прашање, ако им го отворат тоа во Март, они ќе бараат да оди тоа во Март за да не се чека Загреб во Мај бидејќи се плашат од резултатот на изборите во Скопје. Изборите се таму на 12 Април и тие не сакаат да загубат, да бидат виновни за пораз на некој на кој му ветувале дека нешто порано ќе се случи.“ - изјави Вучиќ.

За разлика од Макрон, представникот на Франција во земјава Кристијан Тимоние неколку пати тврдеше дека Северна Македонија треба да исполни низа на услови за добивање на датум, меѓу кои се успешни избори, борба со корупцијата, подобро судство и закон за јавно обвинителство.

0 Коментари

Остави коментари