Средба Пендаровски – Димитров во Вила Водно
Foto

Средба Пендаровски – Димитров во Вила Водно

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Вила Водно ќе го прими министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Шефот на државата минатата недела најави дека ќе побара од МНР и Владата анализа за перформансите на надворешната политика и за работата на ДКП-а. Пендаровски ќе ја одблокира и постапката за агремани за амбасадори што беше блокирана од неговиот претходник Ѓорге Иванов, со цел пополнување на испразнетите амбасади.

Средбата се случува пред објавувањето на Извештакот на ЕК за напредокот на државата и клучните самити на ЕУ на кои се очекува земјата да добие датум за почеток на пристапните преговори.

0 Коментари

Остави коментари