СРЕДБА ПЕНДАРОВСКИ-БОРИСОВ: „ЉУБАВИ, КАКО СИ?“
Foto

СРЕДБА ПЕНДАРОВСКИ-БОРИСОВ: „ЉУБАВИ, КАКО СИ?“

Претседателот Стево Пендаровски реши затоплените односи со соседна Бугарија да ги воздигне на уште повисоко ниво. Па така на бугарскиот премиер Бојко Борисов му се обрати со емотивен занес. Сепак очигледно Пендаровски не чувствува исто и за српската премиерка Ана Брнабиќ на која само културно и се представи.

Но, Пендаровски од Борисов очигледно не доби повратна изјава на љубов, и мораше само да ѕирка во она што го гледаат српските и бугарските колеги.

Борисов инаку за време на Самитот даде контроверзна изјава и за Македонија, откако го нарече Пендаровски северномакедонскиот претседател., и по ова премиерот Заев рече дека е испратена протесна нота до Бугарија и дека најверојатно станува збор за грешка. Бугарската Влада денеска соопшти дека го одобри протоколот од првото заседание на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Република Бугарија и Република Македонија одржан на 10 јуни во Софија,

бугарската Влада, ја повика Комисијата за историски и образовни прашања да ја забрза работата околу отворените теми од заедничката историја како што се Гоце Делчев и Илинденското востание согласно автентични докази и историски извори. Софија и Скопје веќе прифатија заедничко одбележување на Кирил и Методиј, Свети Климент и Наум и Цар Самоил, како и заедничките принципи во учебниците по историја за петто одделение во Бугарија и за шесто одделение во Северна Македонија.

0 Коментари

Остави коментари