Средба Никола Димитров - Хајко Мас
Foto

Средба Никола Димитров - Хајко Мас

Го разбирам разочарувањето на вашите граѓани а така се чувствуваме и ние поради не отпочнувањето на преговорите на вашата земја со ЕУ. Ова е пораката која ја испрати германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас по средбата со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Шефот на германската дипломатија посочи дека веќе се разгледува новата методологија за проширувањето и реформите во ЕУ и дека за истата подеднакво ќе треба да одлучуваат сите земји членки а не само некои. Сепак вели смета дека Р. С.М не треба повторно да биде ставена на испит бидејќи веќе длабоко е навлезена во овие евроинтегративни процеси и крајно време е да го добие датум за старт на преговорите.

Министерот Димитров пак вели свесен е дека се уште не сме подготвени да станеме земја членка но и тоа како сме подготвени за добивање датум за преговори набројувајќи ги од своја страна уште еднаш аргументите за тоа.

Ова е втора средба за два месеци меѓу шефовите на дипломатииите на двете држави. Тие се сретнаа и на октомврискиот самит во Брисел , а дел од агендата на Мас се и средбите со владини претставници, државниот врв, но и шефот на државата Пендаровски.

0 Коментари

Остави коментари