Средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со коалициските партнери
Foto

Средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во седиштето на партијата одржува средба со коалициските партнери.

Состанокот следи по лидерската средба што синоќа се одржа на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски поради негативниот исход од состанокот на Европскиот совет во Брисел. На соатнокот беше постигната согласност дека нема друга алтернатива за земјата освен евроинтеграцијата и се закажани предвремени парламентарни избори на 12 април.

По средбата се очекува Мицкоски да даде изјава за медиумите.

0 Коментари

Остави коментари