Средба Димитров - Дендиас: Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно
Foto

Средба Димитров - Дендиас: Имаме заедничка иднина и пат, ако гледаме добронамерно

Голема ќе биде нашата иднина ако ја гледаме добронамерно, порачаа шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција. Сериозни доцнења со имплементација на обврските од Преспанскиот договор, а Никола Димитров и Никос Дендиас со воздржани одговори и дипломатски пораки.

Дендиас го повтори ставот на грчката Влада дека и покрај тоа што не се согласуваат со него - Преспанскиот договор е завршена работа и мора целосно да се импементира.

Тој е без конкретен одговор: Зошто Грција се уште ги нема променето имињата на патоказите и дали новиот бренд „Macedonia The Great“ е вистинскиот потег во време кога треба интензивно да работаат Комисиите. 

Имаме еднакви – реципрочни обврски, тоа се однесува  на брендовите и трговските марки – доколку секој од нас ја почитува и другата страна ќе бидеме навистина големи , изјави Димитров. Тој смета дека претстојните избори нема да ја успорат  Спогодбата од Нивици, бидејќи истата е дел од правниот систем и мора да се почитува. 

Грција ја разбира разочараноста за недобивањето датум и има долгорочна стратешка цел – влез на Западен Балкан во ЕУ, порача Дендиас. Според него,  услуга не може да се направи никому – како Грција го помина овој тест така треба и останатите земји кандидатки. Во меѓувреме официјална Атина ќе преземе иницијатива за поскоро отворање на европската врата, но какви чекори ќе направи грчкиот премиер Мицотакис останува да се види.  

Ова е прва официјална посета на шефот на грчката дипломатија, по промената на власта во Грција овој јули. Никос Дендиас пристигна со алтернативниот министер за надворешни работи задолжен за економија - Константинос Фрагојанис, а покрај Димитров оствари средба со премиерот Заев и претседателот Пендаровски.

0 Коментари

Остави коментари