Србин избоде Македонец на Малта
Foto

Србин избоде Македонец на Малта

Полицијата во Малта трага по српски државјанин осомничен за обид за убиство во градот Бугиба, на северот на Малта.

Србинот е осомничен дека избодел  58-годишниот Македонец, кој е во критична состојба.

Полицијата информира дека наводно дошло до расправија, па повредениот Македонец бил пренесен во болница. Таму му била пружена лекарска помош, а поради тешката здравствена состојба, случајот се води како обид за убиство.

Полицијата трага по сторителот кој досега не е пронајден, а полицијата бара сите кои имаат некакви информации да пријават.

0 Коментари

Остави коментари