Според официјалните резултати конзервативците освоија 365 пратеници
Foto

Според официјалните резултати конзервативците освоија 365 пратеници

Според официјалните резултати од вчерашните вонредни парламентарни избори Конзервативната партија на Борис Џонсон освои 365 пратенички места.

Додека Лабуристичката партија освои 203, Шкотската национална партија 48, а Либералните демократи 11 пратеници.

Тоа е убедлива победа на конзервативците односно нивни четврти најдобар резултат од 1935 година, односно повеќе мандати освоија на изборите во 1983 и 1987 година, кога партијата ја водеше Маргарет Тачер, и во 1959 година во времето на Харолд Макмилан. Додека опозициските лабуристи забележаа најлош резултат од 1935 година.

0 Коментари

Остави коментари