Спасовски за тв 24: Осудените момчиња за насилство врз девојката ја искористија „правната дупка“
Foto

Спасовски за тв 24: Осудените момчиња за насилство врз девојката ја искористија „правната дупка“

Двајцата насилници кои во јануари брутално претепаа 22 годишна девојка и го снимаа насилството од 30 јуни се на слобода и ќе останат до 1 септември, потврди за тв 24 директорот на кумановскиот затвор Марјан Спасовски.

Двете осудени момчиња во кумановскиот затвор беа во притвор до издржување на казната. Спасовски вели дека иако пресудата за две ипол години затвор е потврдена од штипска Апелација, со уредбата на владата со која на осуденици до 5 год до 1 септември им е прологирано одржувањето на казните поради корона кризата.

„Немаше законски основ да останат во притвор, бидејќи поминаа законските 60 дена за притвор, а судија за извршување санкции не даде упатен акт каде ќе треба да ја служат казната. со пандемијата се отвори правна дупка и тие ја искористија", изјави за тв 24 Спасовски.

Адвокатскиот тим на девојката пак вели дека се грижат за нејзината безбедност и веќе има донесено привремени мерки за заштита, односно насилниците во рок од една година не смеат да и се приближат. Ако го направат тоа, како што велат, ќе сторат ново кривично дело.

0 Коментари

Остави коментари