Спасовски во 24 Отворено: Ветингот во полицијата и другите институции на системот е повеќе од потребен
Foto

Спасовски во 24 Отворено: Ветингот во полицијата и другите институции на системот е повеќе од потребен

Ветингот во полицијата и другите институции на системот е повеќе од потребен. Неколку месеци работиме на концепт за тоа како треба да се спроведе во полицијата и во брзо време тоа ќе биде ставено пред Собранието, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „24 Отворено“ на Телевизија 24.

„Ветингот во полицијата не се најавува долго време и за многу кратко време ќе се одржи конференција на која ќе се разговара со нудење на законско решение што треба да се спроведе во рамки на МВР“ - изјави Спасовски.

Посочи дека за две години на власт направени се низа на реформски процеси кои се однесуваат на МВР и тоа се потвдрува во Извештајот на ЕК и дека очекува во многу брзо време, веќе во следниот месец тоа да биде ставено пред Собранието. Прашан како ќе се следи и оценува работата на полицијата и сите учесници во системот, Спасвоски рече дека концептот ќе се заснова на три столба.

„Тоа е еден концепт што ќе се заснова на три столба. Прво, вработувањето и кариерата на секој полициски службеник. Второ, имотната состојба и трето интегритетот и професионалноста во извршувањето на работните задачи. Тоа се трите столба што ќе бидат разработени, за кои што ќе мора секој од полициските службеници да достави изјава“ - истакна Спасовски.

0 Коментари

Остави коментари