СПАСОВСКИ: ОЧЕКУВАМ ДЕКА НЕДОРАЗБИРАЊАТА ВО МВР ЌЕ СЕ НАДМИНАТ, НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ ХАОС
Foto

СПАСОВСКИ: ОЧЕКУВАМ ДЕКА НЕДОРАЗБИРАЊАТА ВО МВР ЌЕ СЕ НАДМИНАТ, НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ ХАОС

Државната изборна комисија се прогласи за ненадлежена да реши дали Ристе Ставревски може да биде назначен за началник на Секторот за внатрешни работи Скопје откако министерот за внатрешни работи на преодната Влада Наќе Чулев побара мислење од комисијата. Со едногласна одлука членовите на ДИК констатираа дека не станува збор за прашање поврзано со правни финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите.

Како што рече претседателот на ДИК Оливер Деркоски за одлуката на Чулев за именување на Стaвревски за началник на СВР Скопје не бил потребен врзан потпис на дополнителниот заменик-министер Славјанка Петровска што значи дека назначувањето на Ставревски е легално.

Во МВР во петокот беа назначени 12 раководители и 12 дополнителни заменик-раководители на различни сектори и оддели. Остана спорно назначувањето на началник на СВР Скопје затоа што дополнителниот заменик-министер Славјанка Петровска не се согласува со предлогот на Чулев затоа што според неа, Ставревски е дел од политичките бомби врзани токму за изборни нерегуларности за што се водат постапки и пред кривичниот суд Скопје.

Во меѓувреме генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев обвини дека Спасовски и СДСМ три години континуирано ги штитат криминалците со што ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. За Ставревски рече дека е професионалец против кој не се води никаква постапка.

На оваа реагираа од СДСМ од каде што велат дека со злоупотреби на техничките функции и однесување надвор од мандатите што им се законски пропишани, ВМРО-ДПМНЕ сака да ги оневозможи граѓаните да ги остваруваат своите уставно загарантирани права за време на техничката влада, чија основна функција е организирање на слободни, фер и демократски избори.

Премиерот на преодната Влада, Оливер Спасовски на денешната прес конференција ги повика министрите и дополнителните заменици министри да имаат чувство за одговорност за, како што рече Спасовски, не се урива работата на институциите. Прашан за актуелна ситуацијата во МВР, за прераспределбите на обезбедувањето на функционерите како и за повлекувањето на дел од возниот парк од различни институции премиерот Спасовки рече дека хаосот не носи ништо добро. Во однос на изборот на началник на СВР Скопје рече дека се' може да се реши преку дијалог.

Спасовски изрази надеж дека во пресрет на изборите закажани за 12 април разумот сепак ќе надвалдее затоа што, како што рече тој, после неколку последователни успешни изборни процеси, државата не смее да си дозволи луксуз да ја расипе позитивната слика за себе.

0 Коментари

Остави коментари