СПАСОВСКИ ГО ПОКАНИЛ ВАРТОЛОМЕЈ ДА ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА
Foto

СПАСОВСКИ ГО ПОКАНИЛ ВАРТОЛОМЕЈ ДА ЈА ПОСЕТИ МАКЕДОНИЈА

Државната делегација која ја посети цариградската патријаршија дојде после ланската иницијатива на владата за воспоставување на динамична непосредна комуникација вели техничкиот премиер Оливер Спасовски и додава дека го поканил патријархот Вартоломеј да ја посети Македонија.

Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА владиката Тимотеј за телевизија 24 вели дека иницијативата со вселенската патријаршија е добра бидејќи секој обид за наоѓање на решение за долгогодишниот црковен спор е добродојдена.

„Веруваме во мудроста на вселенскиот патријарх, очекуваме и ние да бидеме поканети на средба со Српската православна црква со која би разговарале повторно, како што сме разговарале и порано.“ - изјави Владика Тимотеј.

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ пак ја обвини СДСМ дека заедно со техничииот премиер Спасовски и партискиот лидер Заев ја злоупотребуваат позицијата преставувајќи се како државна делегација.

Во официјалното соопштение на Вселенската Патријаршија се вели дека Патријархот Вартоломеј ја примил делегацијата на Македонија на нејзино барање и дека со цел да се реши проблемот на непризнаената МПЦ, и одлучил да се поканат во седиштето на патријаршијата претставници од Српската Православна Црква и од МПЦ-ОА за советување и за обид за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение.

0 Коментари

Остави коментари