Советникот на Наќе Чулев за ТВ24 потврди дека бил во кафеана со Мицкоски
Foto

Советникот на Наќе Чулев за ТВ24 потврди дека бил во кафеана со Мицкоски

Љупчо Андоновски, поранешен шеф на УБК, а сега советник на Наќе Чулев во телефонски разговор за ТВ24 потврди дека на 3 јуни бил во друштво на Христијан Мицкоски во затворениот дел во „Винотека“. И тој како и партискиот лидер вели дека ако треба ќе ја плати и казната доколку направил прекршок. Прашан зошто спротивно на протоколите седеле во угостителскиот објект, Андоновски исто како и Мицкоски порача дека не може да ги следи сите мерки кои според него се менуваат „во 5 до 12 . 

„Не бевме вечерта таму, преку ден кратко се задржавме околу половина час, или еден час некаде. Не бевме таму за седнување требаше нешто да видиме. Точно е бевме со Христијан Мицкоски и уште еден пријател кој не е Ален Зекиров како што се шпекулираше во јавноста. Винаријата е посбен објект. Ќе си ја платам казната ако треба, јас се чудам како до сега не не ставија во притвор,“ - вели Андоновски за ТВ24.

Според информации на ТВ24 ресиверот со снимките од безбедносните камери во објектот при претресот биле пронајдени во едно од бурињата, откако претходно два часа службениците ги барале. Андоновски е информиран и за тоа но вели не е точно. 

„Тоа со бурето дека некој таму криел снимки не е точно, колку што разбрав имало кражба пред една година, бил украден главниот ресивер кај што биле врзани 14 камери и по таа кражба другиот уред бил сместен во тој дел.“ - вели Андоновски.

Лидерот на најголемата опозициска партија уште вечерта на фб призна дека бил во кафеана во Дебар Маало,но не знаел дека не е дозволено да се седи во затворениот дел.

„Да, точно е дека бев со двајца мои познаници во ресторан во Дебар Маало, прв пат по укинувањето на забраната за посета на угостителските објекти, поради што и не бев информиран доволно за новите протоколи. Ако тоа е мојот најголем грев и моја грешка и пропуст, јас тоа го признавам и подготвен сум да платам парична казна поради тоа. Не мислам дека луѓето не знаат да направат грешка, битно е грешката да не е таква да направи лошо некому, да наштети некому, да биде непоправлива.“ - напиша Мицкоски. 

На 26 мај Владата донесе Одлука со која ги дополни мерките и протоколите за отворање на угостителските објекти. 

Се дозволува работа само на отворените делови- терасите од кафетериите кои се отворени од три страни со кровна конструкција, стои во Одлуката

Пред  четири дена за прекршување на овој протокол реагираа инспекторите на терен. При редовната проверка во угостителсткиот објект не им бил дозволен влез во затворениот дел, каде што во тој момент бил угостен Мицкоски и неговите пријатели.  Инспекциските служби останаа пред врата два ипол часа, при што на терен излегоа специјалци од ЕБР и полициски службеници под команда на Ристе Ставревски, началникот од СВР-Скопје. Проблемот настанал кога биле побарани снимките од камерите за да се утврди кој седел внатре и дали Мицкоски и друштвото ги прекршиле протоколите. Уредите на крај биле најдени во едно од бурињата- неофицијално, а се обезбедени со судска наредба. Се уште се вештачат во крим-техника а случајот е отворен.

0 Коментари

Остави коментари