Состојба со ковид во регионот и светот
Foto

Состојба со ковид во регионот и светот

Кина направила значајни пропусти на почеток на пандемијата со Ковид 19, покажуваат документи, во кои ексклузивно имал увид Си Ен Ен. Според документоте Кина на почетокот на пандемијата пријавувала значително помал број на случаи на Ковид 19 од реалниот. 

Податоците од 10 февруари покажуваат 5.918 нови случаи, повеќе од двојно од бројот кој го пријави Кина. Таа поголема бројка не беше објавена во тоа време. Една од највпечатливите точки на податоците се однесува на бавноста со која се дијагностицираат локални пациенти со Ковид-19.

Извештај во документите од почетокот на март покажува дека просечното време помеѓу појавата на симптомите до потврдена дијагноза е 23 дена. Кина, од друга страна, одлучно ги бранеше своите постапки од избувнувањето на епидемијата.

Во  Белата книга  кинеската влада секогаш објавувала информации за епидемијата на „навремен, отворен и транспарентен начин.“ - велат од Кинескиот државен совет.

Денес се навршува една година откако првиот познат пациент покажа симптоми на болеста во главниот град на провинцијата Хубеи, Вухан. 

Вкупниот број на заразени со коронавирус во светот од почетокот на пандемијата достигна над  63 милиони лица, додека бројот на починати над е еден милион. 

Пандемијата со ковид-19 ќе трае најмалку уште една и пол година, тврди претседателот на италијанскиот Висок институт за здравство, Силвио Брусаферо.

„За разлика од природните катастрофи кои можат да бидат драматични, но краткотрајни, како што е земјотрес, пандемијата предизвикува долгорочен стрес. Здравствените системи работат на воспоставување стратегии кои ќе ни помогнат да се приспособиме на таквата ситуација, а некои од овие мерки веројатно ќе бидат трајни“, вели Брусаферо.

Земјите во Европа и Светот се уште водат голема битка со пандемијата, Турција од денеска воведе полициски час преку неделата и целосна блокада за време на викендите откако смртните случаи од Ковид достигнаа рекордно ниво. Хрватска воведе построги правила за влез во земјата, Србија повторно се спрема за нови рестрективни мерки.

Трката за справување со вирусот сега е насочена и кон вакцините, при што најблиску до готов производ се две американски компании – „Фајзер“ и „Модерна“ и британската „Астра Зенека“.

0 Коментари

Остави коментари