Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот
Foto

Состојба со Ковид-19 во светот до 20 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 520.330 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 23.593, а оздравеле 123.321 лица.

– Во Австрија, според последните податоци на Министерството за здравство, 6.398 лица се инфицирани со коронавирусот. Бројот на починати се зголеми на 49. Досега се тестирани 35.995 лица.

– Во Црна Гора новиот коронавирус е потврден уште кај две лица, така што вкупно заразени се 49 лица. Најмногу заразени има во Тузи, каде што полицијата од денеска со дрон го снима тоа подрачје.

– Во Велика Британија починаа уште 115 лица, со што бројот на починати во земјата достигна 578 лица, соопшти денеска Владата. Потврдени се 11.658 заразени од Ковид-19, а излекувани се 135 лица.

Португалската централна банка ги ревидираше своите економски предвидувања на голем пад и веќе очекува рецесија во опсег од 3,7 до 5,7 проценти од БДП во 2020 година, како резултат на пандемијата на новиот коронавирус.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека одлучил да ги затвори границите за сите Украинци кои нема да успеат да се вратат во земјата до 27 март.

– Во Босна и Херцеговина денеска се потврдени 12 нови случаи на заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на заразени достигна 189 лица.

– Во светот децата се помалку се вакцинираат поради пандемијата на коронавирусот.

0 Коментари

Остави коментари