Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот
Foto

Состојба со Ковид-19 во светот до 19 часот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 3.611.044 лица, од нив починале 250.125, а оздравеле 1.170.500 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во Велика Британија починаа 288 луѓе, што е најмалку од почетокот на март. Вкупно досега од Ковид-19 во земјата починале 28.734 луѓе. Новозаразени се 3.985, а вкупниот број заболени случаи достигнаа 190.584.

– Чешката Влада одлучи да ја укине забраната за меѓународни патувања со автобуси и возови. Таа одлука стапува во сила од 11 мај.

– Најголемата канадска провинција Квебек е меѓу најпогодените со коронавирусот. Покрај тоа почнува и со постепено придвижување на економијата. Премиерот Џастин Трудо повикува на внимателност.

– Во Црна Гора нема нови регистрирани случаи на заразени лица со новиот коронавирус. Вкупниот број во земјата останува непроменет – 323.

– Во Шведска во последното деноноќие починаа уште 90 лица, а дополнително се заразиле 404. Со тоа вкупниот број на заболени случаи со Ковид-19 во земјата достигна 22.721, а на починати 2.769.

0 Коментари

Остави коментари