Состојба со Ковид-19 до 20 часот
Foto

Состојба со Ковид-19 до 20 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 239.837 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 9.953, а оздравеле 86.681 лица.

– Вкупно 5.322 нови заразени случаи и 427 нови смртни случаи во Италија. Вкупниот биланс на починати во Италија достигна 3.405 и го надминува кинескиот, станувајќи земја со најголем број смртни случаи од коронавирус во светот.

– НАТО најави прекин на сите мисии во Европа, со цел да помогне во спречување на ширењето на Ковид-19.

– Во Британија бројот на починати од коронавирусот се зголеми на 137 лица.

– Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс, кој беше задолжен за борбата против коронавирусот, поднесе оставка.

– Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека секојдневно на коронавирус се тестираат десетици илјади Американци.

– Бројот на заразени случаи во Шведска се зголеми на 1.439 лица.

– Двајца претставници во американскиот Конгрес се заразени со коронавирус и се наоѓаат во самоизолација, објавија западните медиуми.

– Во Јужна Кореја се регистрирани нови 152 случаја на заразени, чиј вкупен број достигна 8.565 лица. Во претходните четири дена бројот на новозаразени дневно се зголемувал за помалку од 100 лица.

0 Коментари

Остави коментари